Ѕвездата од “Твин Пикс” Кајл Маклоклан како модна икона

од Vladimir Zorba

Кајл Маклоклан стана ѕвезда во новиот број на L’Officiel Hommes Italia. Ѕвездата од серијата “Твин Пикс”, чија нова сезона во моментов оди на HBO, зеде учество во стилска фотосесија чиј фотограф е Роби Фимано.

Режисерот Дејвид Линч и 58-годишниот Маклоклан ја презентираа лично третата сезона на серијата на филмски фестивал во Кан.

Првата серија излезе уште на 22 мај. Дејвид Линч сними трета сезона, која ја подели на 18 делови, секоја епизода трае 60 минути.

Од ѕвездите кои сме гледале и во претходните сезони, освен Кајл Маклоклан се Шерил Ли, Мајкл Онткин и други.

Во серијата се уште Дејвид Духовни, Наоми Вотс, Тим Рот, Аманда Сејфрид, Џејмс Белуши, Моника Белучи и др.

Видете го Кајл Маклоклан во галеријата.

 

Слични содржини