Ѕвездите излегоа на протест против Трамп за време на АМА

од Vladimir Zorba

Панк рок групата “Грин деј” го поведе множеството од познати личности, кои го изразија својот протест против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на церемонијата на доделувањето на Американските музички награди.5171634 За време на својата жива изведба на песната “Bang Bang” рокерите скандираа зборови како “Не на Трамп! Не на ККК (Кју Клукс-клан)! Не на фашистички САД! “.

Ова не е прв пат, во кој тие изразуваат незадоволство од кандидатот на Републиканската партија. За време на предизборната кампања музичарите неколкупати го критикува Трамп и позициите за илегалните имигранти во земјата.

Стинг, кој ја доби наградата за животно дело, исто критикуваше некои од ставовите на новиот претседател. Иако музичарот не се обрати директно кон Трамп, во својот говор при примањето на наградата тој засегна теми како континуитет во американското општество, неговата разнородност и разновидност на култури, кои се дел од него.

“Мешавината од култури, ритми и страст се работите кои ја прават оваа држава најголемата на светот”, рече Стинг.

Тој посочи дека рокенрол музиката “секогаш била отворена кон сите бои во духот на континуитетот и приопштувањето”.

5171635Ариана Гранде  ја зеде наградата за забавувач на годината.

Водителите на церемонијата – комичарот Џеј Пароа и супермоделот Џиџи Адид, исто така, не пропуштија да упатат критика кон новото прво семејство со своите имитации на Трамп и неговата сопруга Мелани.

Американските музички награди се базираат на гласање на обожаватели, за разлика од “Греми”, кои се даваат по гласањето на музички експерти и личности од музичката индустрија.

Признанието “Уметник на годината” отиде кај 23-годишната поп-пејачка Ариана Гранде, чиј последен албум “Dangerous Woman” ужива значителен успех.

Раперот Дрејк, кој беше номиниран во цели 13 категории, си замина со четири награди.

5171636 Моделот Џиџи Адид  ја исмеа првата дама Мелани Трамп.

Одличје освои и пејачката Селена Гомез, која беше прогласена за омилен изведувач во категоријата на дамите. Наградата доаѓа, иако таа мораше да ја прекине својата турнеја во август поради здравствени проблеми.

Посмртно признание беше врачено и на музичката легенда Принс, кој почина ненадејно во април. Награда ја зеде неговата сестра Тикал Нелсон. “Црн тинејџер од Минеаполис, чија цел е да го возбудли светот – тој имаше храброст да биде различен”, рече Нелсон во емоционалниот говор.

Слични содржини