Зврлевски наводно ќе си поднесе оставка – нова финта на опозицијата?!

од Vladimir Zorba

Во политичките кулоари се погласни се шпекулациите дека опозициската ВМРО ДПМНЕ ќе го “посоветува“ државниот обвинител Марко Зврлевски сам да понудии оставка која ке треба му биде усвоена во парламентот и на тој начин да обезбеди нови денови и недели за опозицијата која прави се да го блокира парламентот.

Јасно е дека обвинителот Зврлевски нема интегритет сам да си носи одлуки за себе туку до последен ден ќе биде маша на Груевски и фамилијата велат изворите на Либертас и ќе прави се како од таму ќе му биде наложено.

 Оставката која наводно е се поизвесно дека ќе ја ковертира пред да се случи гласањето за неговото разрешување кое го бара владата на Заев е со единствена цел- денот не неговото заминување од челната позиција на ОЈО повторно да се пролонгира- оставката согласно деловникот ќе требе да ја разгледува прво надлежната комисија, а потоа дебата на којае се повтори вмровското сценарио на развлекување.

Зврлевски кој за себе рече дека мисли оти чесно работел очигледно одлучил до крај да биде дел од тефтерчето на Јанкуловска како што од устата на екс министерката слушнавме во објавените бомби од прислушувањето.

Слични содржини