90 народни избраници се пријавија да дискутираат за Зврлевски

од desk3
90 пратеници се пријавија за збор да дискутираат за петата точка – разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски на шестата собраниска седница. 
По сите пријавени пратеници кои дискутираа за актите на Омбусманот, собранискиот спикер Талат Џафери отвори расправа за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Иако во собраниската сала се појави и Зврлевски, тој не успеа да дојде до збор. Спикерот Џафери по утврдувањето на пријавените говорници најави дека седницата ќе продолжи утре.
За местото на Зврлевски се спомнуваат имињата на професорите Гордан Калајџиев, Гордана Бужаровска, нотарката Лорија Ваневска и адвокатот Александар Тортевски. До сега, само Ѕвонко Давидовиќ потврди дека ќе се кандидира за оваа позиција.

Слични содржини