Џулија Робертс за петминутна улога во овој филм добила 14 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Џулија Робертс со години важи за една од најпопуларните холивудски актерки.

Имено, зад себе има голем број награди, меѓу кои и Оскар за најдобра актерка во 2000 година, за филмот „Ерин Брокович“. Сепак, таа не беше добро платена само за филмовите во кои ги играше главните улоги.

Во 2010 година Џулија го снимила филмот „Денот на вљубените“ во кој се појавила само 5 минути, а за тоа била платена дури 14 милиони долари. Поточно 12.000 долари од изговорен збор.

Иако имаше многу популарни имиња во актерската екипа, како Џесика Алба, Бредли Купер, Ен Хатавеј и Ештон Качер, филмот немаше многу добри критики.

Слични содржини