Рускиот регион Саратов синоќа беше цел на најтешкиот напад со беспилотни летала од почетокот на војната, соопшти гувернерот Роман Бусаргин. Нападот предизвика пожар на аеродромот, додека руските власти спроведуваат евакуација на жителите од засегнатите подрачја.
Според руските телеграмски канали, најпрво бил прогласен воздушен аларм, по што следеле серија експлозии. Каналот MASH објави дека околу 4 часот по локално време се слушнале најмалку четири детонации.
Градовите Саратов и Енгелс, каде што се случил нападот, се во близина на воената база Енгелс-2, од каде што често полетуваат руски стратешки бомбардери. Независниот информативен канал Астра објави дека експлозии биле забележани и во околината на базата.
Рускиот телеграмски канал Шот објави дека пожар избувнал и во складиште за нафта во Енгелс, но руските власти не коментираа за можните штети на инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана тврди дека воздушната одбрана соборила 132 украински беспилотни летала во текот на ноќта, од кои 54 над Саратовската област, 40 над Воронежската област, 22 над Белгородската област, како и над други региони, вклучувајќи го и окупираниот Крим.
Украинската војска не ги коментираше овие тврдења, а информациите не можеа да бидат независно потврдени.
Russian Telegram channels report the largest drone attack on Russian Engels and Saratov, according to the local governor.
It is reported that evacuation was announced in the area of the local airfield (it hosts Russian strategic bombers that attack Ukraine). pic.twitter.com/SyqnzQQ4tH
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 20, 2025