🎥 Паника на интернет: НАСА случајно емитуваше симулација на криза на Меѓународната вселенска станица

од Илинка Илиоска
751 прегледи

Во средата, НАСА ненамерно објави симулација на криза на Меѓународната вселенска станица (ISS). Снимката звучеше како астронаут да страда од декомпресиона болест и предизвика бројни шпекулации на социјалните мрежи.

НАСА каналот на „Јутјуб“ емитуваше аудио во живо, што наведуваше дека член на екипажот има декомпресиона болест, објави НАСА на официјалниот профил на ISS на платформата „Икс“.

Во аудиото се слуша женски глас кој бара од членовите на екипажот „да го вратат командантот во костим“, да му го проверат пулсот и да го снабдат со кислород. Подоцна, се вели дека командантот има мали шанси да преживее.

„Овој звук беше ненамерно пренасочен од тековната симулација, во која членовите на екипажот и копнените тимови тренираат за разни сценарија во вселената. Тој не е поврзан со вистински итен случај“, објави ISS, додавајќи дека нема итни ситуации.

Декомпресионата болест, која се јавува кога меурчиња од азот или друг гас се формираат во крвта поради промена на атмосферскиот притисок, може да влијае на централниот нервен систем и е потенцијално фатална.

Членовите на екипажот на ISS спиеле во моментот на емитување на симулацијата, објави ISS.

Слични содржини