🎥Ужасот на војната, прославуваа празник, а потоа имаше ракетен напад од Хезболах!

од Milan1
500 прегледи

Министерството за одбрана на Израел објави видео од ракетен напад на Хезболах врз Израел, а на видеото се гледа како луѓето кои го слават еврејскиот празник Шавут, одеднаш почнале да бегаат во паника по звукот на сирените и појавата на „огномет“ во небото.

Железната купола, познатиот ракетен штит што ги чува Ерусалим и Израел, повторно беше активиран. Израелското Министерство го објави ова видео со цел да потсети колку е важен овој ракетен штит и како израелската армија успешно ги штити своите граѓани.

Министерството на шега наведува дека ракетите на Хезболах служеле како огномет за прославата на Шавуот, со што покажале доверба во ефикасноста на неговата „Железна купола“.

Од видеото се гледа дека добар дел од Израелците се навикнати на вакви „моменти“, но сепак мнозинството во паника избега. Во прашање е северен Израел, се вели во соопштението на израелското Министерство за одбрана.

Слични содржини