🎥 Скандал на настапот на Шакира! Маж почнал да ја снима под нејзиниот фустан, таа го прекинала настапот

од Milan1
74 прегледи

На социјалните мрежи се прошири снимка од колумбиската пејачка Шакира од еден ноќен клуб. Музичката ѕвезда била во еден клуб во Мајами каде го пуштиле нејзиниот нов сингл „Soltera“, кој се очекува да излезе на крајот на годината. Кога песната засвирела, Шакира, облечена во краток проѕирен фустан, се качила на сцената и почнала да танцува. Инаку, таа е позната по атрактивниот стил на танцување.

Екипата во клубот веднаш ги вклучила мобилните телефони за да ја снимат познатата пејачка. Меѓутоа, Шакира среде танцувањето забележала дека некој ја снима премногу ниско, односно дека камерата е вперена под нејзиниот фустан.

Шакира почнала да го спушта фустанот надолу колку што може и ѝ порачала на таа личност да ѝ го слика лицето, но набрзо налутена и нерасположена се симнала од сцената.

Бројни обожаватели на пејачката ја критикуваат личноста која се однесувала така.

„Луѓето се одвратни“, „Шакира не може ниту да ужива да танцува на своата песна“, „Кој и да ја снимал вака, треба да биде уапсен“, „Ова е повеќе од одвратно. Шакира е апсолутно во право што си замина, никој не треба да трпи такво непочитување“, се дел од коментарите.

Слични содржини