🎥 Студија од 2019 година застрашувачки прецизно ја предвиде можноста за нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан – токму во 2025, еве како би изгледала

од Марта Пешевска
137 прегледи

Нуклеарен конфликт со глобални последици

Среде ескалацијата на тензиите меѓу Индија и Пакистан поради смртоносниот терористички напад во Кашмир, повторно во фокусот на јавноста се најде студија објавена во 2019 година, која со застрашувачка точност ја предвидела можноста за нуклеарен конфликт меѓу двете држави – токму во 2025 година. Истражувањето, објавено од издавачката куќа Routledge, прикажува сценарио во кое масовен терористички напад води до брза ескалација на воените дејства и евентуална употреба на нуклеарно оружје, со катастрофални последици за регионот и целиот свет.

Терористички напад како иницијална каписла

Според студијата, терористички напад од големи размери, сличен на нападот врз индискиот парламент, би можел да ја натера Индија да мобилизира сили долж линијата на контрола (LoC), што би предизвикало реципрочен одговор од Пакистан. Овој верижен процес би довел до интензивирање на судирите и загуби на живот од двете страни, со што тензиите би достигнале точка без поврат.

„Исто како и во јануари 2002 година, обете страни мобилизираат војници. Има судири и загуби на животи од обете страни“, се наведува во анализата.

Прва употреба на нуклеарно оружје

Според симулациите во студијата, доколку индиските сили навлезат на пакистанска територија, пакистанските генерали, стравувајќи од конвенционален пораз, би одлучиле за прва употреба на нуклеарно оружје.

– Ден 1: Пакистан користи 10 тактички нуклеарни боеви глави (по 5 килотони) против индиски тенкови, но сè уште внатре на своја територија.

– Ден 2: Пакистан испалува уште 15 тактички боеви глави. Индија возвраќа со 20 стратешки воздушни нуклеарни напади врз пакистански воени бази и складишта за нуклеарно оружје.

Овие експлозии би предизвикале масовни пожари и густ чад, слични на оние од бомбардирањето на Хирошима или големиот пожар во Сан Франциско во 1906 година.

Неконтролирана ескалација

Конфликтот се влошува. На третиот ден, Пакистан возвраќа со 30 нуклеарни напади врз индиски касарни, поморски бази и цивилни аеродроми, како и 15 дополнителни тактички удари. Индија реагира со напади врз 10 воени цели во пакистански градови. Се создава спирала на хаос, лутината, паниката, нарушената комуникација и крути воени протоколи водат до тотална нуклеарна размена.

Апокалиптични размери

Во наредните три дена, Пакистан го активира целиот свој стратешки арсенал од околу 120 нуклеарни боеви глави, насочувајќи ги кон индиските градови. Индија одговара со 70 нуклеарни експлозии, задржувајќи уште 100 боеви глави како заштита од Кина, иако тоа веќе не го спречува Пакистан. Според студијата, обете земји во комбинација поседуваат околу 250 нуклеарни боеви глави. Потенцијалните последици од ваква размена се застрашувачки, од 50 до 125 милиони директни жртви, зависно од моќноста и локацијата на нападите.

Светот ќе почувствува последици

Уништувањето на големите градови, целосниот колапс на здравствениот систем, енергетската и транспортната инфраструктура, како и финансиските институции, би биле само почетокот. Најстрашните последици би биле глобалните, чадот и честичките од пожарите би ја затемниле атмосферата, намалувајќи ја температурата и земјоделското производство, предизвикувајќи светска глад која би погодила милијарди луѓе.

„Влијанието би било огромно и глобално“, заклучуваат авторите на студијата.

Слични содржини