🎥 ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од хулиганите кои го претепаа братот на министерот Мијатовиќ

од Илинка Илиоска
666 прегледи

Медиумот Н1 Србија објави видео со вознемирувачка од инцидентот во населбата Медаковиќ во Белград на кое се гледа како напаѓачите бегаат откако го претепале Ѓорѓе Мијатовиќ, кој подоцна почина.

Нападот се случи во неделата нешто по 18 часот. Инаку, групата хулигани кои го нападнаа Ѓорѓе Мијатовиќ, кој веднаш по тој инцидент загина во Ургентниот центар во Белград, со месеци им прави проблеми на станарите од зградите во населбата Медаковиќ, а само ден пред инцидентот ( во саботата) кршеле клупи и му се заканувале на граѓанин кој ги замолил да не го прават тоа. Случајот веднаш го пријавил во полиција, која излегла на местото на настанот, разговарала со групата која правела хаос, но како што велат станарите не ги легитимирала бидејќи биле малолетни.

Жителите се загрижени за својата безбедност, пред се за безбедноста на децата кои се дружат во паркот. Велат дека група тинејџери кои се секогаш таму кога е убаво времето создава врева, го нарушува јавниот ред и мир, а децата се плашат од нив. Како што изјавија за N1 Србија, станува збор за десетина млади девојки и момчиња на возраст од 15 до 17 години.

Како што изјави во утринската програма министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, починатиот, кој е брат на министерот за развој и претприемништво и потпретседател на Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Војин Мијатовиќ, излегол да разговара со хулиганите бидејќи неговиот синот се пожалил дека му ја украле топката.

Српскиот министер за полиција Дачиќ во гостувањето во утринската програма на ТВ Блиц, дури откако коментираше теми од надворешната политика и се осврна на кампањата за локалните избори, го спомена овој случај, иако босанските медиуми за него се расправаа од неделата. попладне и чекаа потврда.

Слични содржини