BMW го претстави M2 CS во мај, а сега германската компанија објави дека моделот го срушил рекордот на „Нирбургринг“.
M2 CS заврши круг на „Зелениот пекол“ за 7:25,5 минути, што го прави најбрзиот компактен автомобил на легендарната патека. Новиот рекорд беше поставен на 11 април, а го возеше инженерот на BMW M, Јерг Вајдингер.
Неговото време го надмина претходниот рекорд за осум секунди.
Претходното најдобро време за М2 беше поставено во април 2023 година, кога Вајдингер го заврши кругот со време од 7:38,7, потврдувајќи дека претходниот рекорд за „најбрз компактен автомобил“ не му припаѓал на BMW.
Сепак, времињата на кругови се импресивни, а M2 CS ги постигнува благодарение на својот 3,0-литарски 6-цилиндричен двоен турбо мотор, кој развива 530 КС и 649 Nm вртежен момент. Овој мотор е поврзан со осумстепен автоматски менувач, преку кој моќноста се пренесува на задните тркала. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,7 секунди, додека максималната брзина е 303 км/ч.
Покрај подобрениот погонски склоп, M2 CS доби бројни карбонски компоненти, вклучувајќи го покривот, куќиштата на ретровизорите и дифузерот, што помогна да се намали тежината за 44 килограми во споредба со M2 опремен со автоматски менувач.
M2 CS доби ковани тркала и спуштена суспензија со уникатни пружини и амортизери. Исто така, има нови држачи на моторот, M сопирачки и подобрен M Sport диференцијал.