🎥Го дочекавме и тоа: Бијонсе ја покажа природната коса, па милиони луѓе останаа во чудо

од Симе Стоиков
232 прегледи

Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа својата целосно природна коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.

Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.

„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, рече поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи стар модел на четка за исправување на косата, се фарба и не користи третмани како минивал и слично.

„Ја чувам мојата природна плава боја на косата веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.

Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати, па погледнете за што се работи.

Слични содржини