🎥Големо невреме во Дубровик, градот под вода

од Nikola Popovski
126 прегледи

Дубровник денеска го зафати силно невреме, пропратено со обилни дождови, поради што е речиси целосно покриен со вода.

Големи количества врнежи го поплавија брегот на Лапад, каде водата навлегла во куќите, а автомобилите останале под вода. Шокантни се сцените од градот – цел Дубровник е под вода, а вистински порој од вода помина низ областа Пила.

Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови за време на невремето.

„Почитувани сограѓани, моменталната екстремна количина на врнежи од дожд ги поплави речиси сите улици во градот. Сите итните служби се на терен. За жал, ова не е се. Според најавите во периодот од 15 до 23 часот очекуваме екстремни количества на врнежи кои ќе предизвикаат бројни проблеми, затоа ве молиме доколку не морате, да не ги напуштате вашите семејни домови.

Заштитете го вашиот имот. Нашите служби за итни случаи ќе ги вложат максималните напори за да помогнат во испумпувањето на зградите, но со вакви крајности не е можно целосно да се реши проблемот со поројните поплави“, порачал градоначалникот на Дубровник.

Слични содржини