Јасно е дека трошоците за поседување хиперавтомобили се астрономски скапи, а сега Мани Хошбин, американски претприемач од иранско потекло и еден од само 40-те среќници кои зграпчија Bugatti Bolide вреден до 4 милиони евра, открива колку може да чини сето тоа.
Тој неодамна објави видео полно со интересни детали за овој редок хиперавтомобил наменет само за тркачката патека.
Така, Хошбин откри дека Bugatti им препорачува на сопствениците на Bolide да ги менуваат гумите со посебна сериска спецификација по само 60 километри возење на патеката, со цел да се одржат врвните перформанси и безбедност.
Исто така, пред да се излезе на патеката, гумите мора претходно да се загреат, потоа да се монтираат и демонтираат три пати за да се создаде „ефект на рамномерно прилепување“.
Според Хошбин, нов сет гуми за Bolide чини 8.000 долари (околу 7.000 евра). Бидејќи Bolide не е легален за возење на патишта, Bugatti го испорачува со различен сет гуми за тркачки стил. Ако автомобилот воопшто не се вози и се складира во гаража со контролирана клима, гумите треба да траат околу пет години.
Зад масивните тркала на Bolide се наоѓаат најголемите сопирачки од јаглеродни влакна некогаш монтирани на хипер автомобил. Колку чини замената на овие сопирачки не е откриено, но цената е секако астрономска, според „Јутарњи“.