🎥McMurtry Spéirling прв во светот кој вози наопаку

од Vladimir Zorba
42 прегледи

McMurtry Spéirling стана првиот автомобил во светот кој вози наопаку – од место – благодарение на неговиот вакуумски систем за инстант генерирање на надолна сила (Downforce-on-Demand).

Овој експериментален подвиг беше изведен во седиштето на компанијата во Глостершир, Англија, во присуство на вработени и независни судии.

Возењето го изведе ко-основачот и извршен директор на компанијата Томас Јејтс, користејќи систем на вентилатор кој буквално го „спојува“ автомобилот кон земјата.

Автомобилот се качи на специјална ротирачка платформа која потоа се преврте наопаку, а Spéirling беше заглавен и продолжи да вози – само наопаку.

Слични содржини