Актуелниот европски првак Реал Мадрид е последниот тим што се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако во пенал рулетот го елиминира градскиот ривал Атлетико.
Реал го доби првиот натпревар со 2-1, но Атлетико израмни на вкупни 2-2 со голот на Конор Галагер по само 28 секунди игра.
Винисиус Јуниор промаши пенал за кралскиот клуб во 70. минута, по што натпреварот отиде во продолженија, а бидејќи по дополнителните 30 минути немаше голови, прашањето на победникот беше решено со удари од белата точка.
Реал на крајот победи со 4-2 откако Љоренте ја погоди рамката од голот, а Алварез двапати ја допре топката, поради што неговиот гол беше поништен по одлука на ВАР системот. На другата страна промаши само капитенот Лукас Васкез.
Посебно интересна ситуација беше поништениот гол на Алварез. Топката заврши под пречката, но беше очигледно дека Аргентинецот се лизна и падна по шутот. Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа допир на топката со двете нозе, што е забрането според правилата, па оттаму судијата Шимон Марчинијак го поништи голот.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, по натпреварот не можеше да се помири со поразот. „Марка“ пишува дека дивеел и им викал на присутните новинари: „Кренете рака ако видовте дека Хулијан двапати ја допира топката! Кренете рака. Никој не крева“, велел аргентинскиот тренер.
Diego Simeone 🇦🇷 en conférence de presse :
« À tous ceux qui sont ici : levez la main si vous avez vu que Julián a touché le ballon deux fois lors du penalty. Personne ? Autre question. » 😶😤
🎥 @CanalplusFoot pic.twitter.com/OmDuKSEfeS
— Actu Foot (@ActuFoot_) March 13, 2025
„Одигравме многу добар натпревар, се боревме неверојатно, можевме да ја удвоиме предноста во продолженијата. Видов дека Хулијан ја спушти ногата на пеналот и топката не се помрдна. Горд сум на моите играчи и начинот на кој се боревме. Не успеавме да го победиме Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но секогаш им пружавме голема борба и тешки натпревари. Што се однесува до пеналот, тоа е нешто што никогаш не сум го видел во пенал рулетот и сакам да верувам дека ја допре топката. Никогаш не сум видел ВАР да реагира при изведување пенали“, коментирал Симеоне.