📷🎥На пица ставиле 1.001 вид сирења и влегле во Гинисовата книга на рекорди

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Пица пребогата со состојки, печена од пица мајстор од Франција, го собори Гинисовиот светски рекорд, со оглед на тоа што има најголем број на различни видови сирења на тестото. Имено, рекордната креација вклучува 940 француски сирења и 61 сирења од други делови на светот, пишува New York Post.

Пицата ја подготвија француските пица-готвачи Беноа Бруел и Фабиен Монтеланико.

За да го остварат подвигот, мајсторите на пица, со помош на производителот на сирење Софи Хатат Ричарт-Луна и Јутјуберот Флоријан ОнЕр, сечеа коцки од два грама од секое сирење и ги додаваа на врвот на основата за пица.

– Моравме претходно да го зготвиме тестото за пица за да спречиме да се распадне под тежината на сето тоа сирење, објасни Бруел пред книгата на рекорди. Ги ределе помеките сирења врз потврдите и ставиле тавче за колачиња околу целиот рид, за да не се прелеваат сирењата по рабовите на тестото додека се пече пицата.

Потоа, по две минути печење, го извадиле калапот и повторно ја ставиле пицата во рерна 20 секунди, пред да биде готова.

@guinnessworldrecords Most varieties of cheese on a pizza 🍕🧀 1001 by Fabien Montellanico, Sophie Hatat Richart-Luna, Florian On Air and Benoit Bruel 🇫🇷 #pizza #cheese #fromage #guinnessworldrecords ♬ original sound – Guinness World Records

Бруел, кој веќе ја доби оваа титула во 2020 година, кога користеше 254 различни сирења, помина пет месеци патувајќи низ Франција во потрага по дополнителни сорти сирење. Многу сирења му ги дале бесплатно откако дознале дека се обидува да постави светски рекорд.

– Вистински подвиг беше да се биде меѓу сите оние производители на сирење, како и да се биде на фарми и да се сретнам со производители кои се толку страсни за својата професија, рече Бруел, кој прави пици веќе 13 години.

Слични содржини