2,7K
Сопругата на поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, се огласи на Фејсбук по трагедијата во Кочани, истакнувајќи дека молкот не значи слабост, туку почит кон семејствата на загинатите и очекување институциите да си ја завршат работата.
„Молчиме затоа што сочувствуваме со болката на семејствата на загинатите во Кочани. Молчиме затоа што очекуваме институциите да си ја завршат работата. Но, немојте да мислите дека нашиот молк е слабост и ќе ви дозволиме да се скриете зад невините. Затоа дејствувајте правилно и брзо, дури и трпението има граница“, напиша таа.