📷„Денес ќе ти го фрлам ранецот“: Човекот кој го удри Србинот во глава го провоцира Ѓоковиќ

од Vladimir Zorba
800 прегледи

Се огласи Ил Фалко Марио Фери, Италијанецот чие шише испадна од ранецот и го удри Новак Ѓоковиќ во глава.

Тој на Инстаграм објави видео од Ѓоковиќ со кацига и напиша „денес ќе ти го фрлам ранецот“.

Ѓоковиќ го победи Корентано Муте во второто коло на Мастерсот во Рим во петокот.

По триумфот дојде да им даде автограми на навивачите, а во тој момент шише од ранецот на Италијанецот го удри во глава.

За среќа, Новак е добро и се појави ден подоцна со кацига. Ова можеше да се види на видеото кое беше објавено.

Прво се појави информација дека Италијанецот исчезнал по скандалот. Потоа се огласи и се извини.

Слични содржини