Поранешната премиерка на Финска, Сана Марин неодамна на својот Инстаграм сподели фотографија која предизвика лавина коментари.
Иако се жалеше дека нема доволно приватност, неодамна покажа дека знае како да ги загрее многу ниските температури во Финска.
Сана моментално работи како консултант во Институтот Тони Блер, а нејзините неодамнешни слики од патувањата кренаа голема прашина.
„Случајни фотографии од неодамнешните патувања“, напиша Сана покрај објавените фотографии, но најмногу внимание привлече сликата на која позира во костим за капење.
„О Боже, некои од овие фотографии не се прифатливи и не се сериозни за политичар“, гласеше еден од коментарите на објавата.
„Таа се желеше на недостатокот на приватност, а потоа објави полугола фотографија за да ја видат милион луѓе??? Нема логика“, гласи друг.