533
Актерката Салма Хаек неодамна присуствуваше на модната недела во Милано и се појави на ревијата на „Гучи“.
Таа за оваа пригода блесна токму во моден избор на „Гучи“, а доминираше бордо бојата.
Актерката на настанот дојде со својот сопруг, а нејзиното модно издание им се допадна на многумина. Сепак, Салма на Инстаграм откри дека за малку ќе ја пропуштила ревијата, а сето тоа поради густиот сообраќај.
Објавила и фотографии направени во автомобилот, додека патувала до местото каде се одржувал настанот, а на нејзиното лице била видлива нервозата.
Сепак, на крајот се поминало во најдобар ред, а актерката не ја симна насмевката од лицето.