📸 Трудници во Србија потпишуваат скандалозен документ: Ако нешто тргне наопаку, гинекологот и болницата се ослободуваат од вината

од Илинка Илиоска
278 прегледи

На трудниците во Србија пред да се породат во породилиштата им се дава документ за потпишување, со кој доколку нешто тргне наопаку при раѓањето на бебето го ослободуваат лекарскиот тим, но и институцијата од секаква вина.

На социјалните мрежи се појави документот од породилното одделение на Клиничко-болничкиот центар Звездара, а трудници  потврдија дека потписи дале и во други институции.

Исто така, здравствените работници во породилиштата за Nova.rs велат дека потпишувањето на таков документ е вообичаена процедура.

Имено, станува збор за давање согласност на трудницата, идната мајка, која со својот потпис „ги прифаќа сите услови, мерки и хируршки методи поврзани со неочекувани состојби и можни компликации при породување“.

Сопругот/партнерот исто така го потпишува документот.

Слични содржини