📸 Уапсен „бајач“ од Трубарево – измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Уапсена е и 76-годишната мајка на бајачот.

од desk2
167 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е уапсен Д.И. (54) од скопското село Трубарево, откако бил пријавен од брачен пар од Берово на измама им зел 400.000.
Случајот со „бајачот“ завчера го пријавил Б.Д. (76) од Берово. Уапсена е и 76-годишната мајка на бајачот.

Според беровецот, во период од 2022 до 2025 година пријавениот со лажно прикажување факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како лице со посебни паранормални способности („бајач“, истерувач на духови и магии) , односно како “Божји човек” кој има моќ и сила да растури зла маѓија што наводно била направена над нивниот син и што наводно му го загрозувала неговото здравје и живот.

Притоа, во наведениот речиси три годишен период ги навел оштетените лица во повеќе наврати на различни локации во Скопје и Берово да му даваат парични средства во висина од 5.000 до 6.000 евра за „помошта“, така што се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 400.000 евра за посочениот период, соопштува МВР.

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје, по насоки на јавен обвинител од надлежното ОЈО Кочани, вчера во Берово од слобода се лишени пријавениот Д.И. и неговата мајка Д.И. (76) од Трубарево, скопско кај која при извршен претрес се пронајдени парични средства во износ од 3.000 евра, кои претходно биле криминалистички обработени.

Од извршениот претрес во нивниот дом во Трубарево пронајдени се и одземени се предмети поврзани со измамата, а против двете приведени лица е поднесена кривична пријава за продолжено кривично дело „измама” и тие се предадени на Судија за предходна постапка во Основниот суд Кочани.

 

Слични содржини