📸СДСМ: Со 400.000 евра тендер за анекти се платени манипулациите на „Маркет Вижн“

од Vladimir Zorba
150 прегледи

„Омилената агенција на ВМРО-ДПМНЕ која уште од времето на Груевски е платена да ги манипулира граѓаните со лажни анкети е повторно ангажирана, овој пат за сума од 400.000 евра народни пари“, соопштија од СДСМ.

„Имено, „Маркет вижн“ пред само неколку недели склучила договор со Владата на рекордна сума од 400.000 евра за да прави анкети и го мери мислењето и задоволството на граѓаните од работата на Владата.

Зар некој треба да верува во овие анкети кои служат единствено за да се манипулира јавноста и се во функција на пропагандата на ДПМНЕ?.

За жал се враќа старата пракса на постојано пласирање на манипулативни анкети кои треба да ги демотивираат граѓаните да бараат промени, но оваа стратегија од времето на Груевски е одамна прочитана“, додаваат од опозициската партија.

Слични содржини