Данската полиција денеска ја уапси шведската еколошка активистка Грета Тунберг за време на протестот против војната во Појасот Газа, кој се одржа во Копенхаген.
Ројтерс пренесува дека ова го соопштил портпаролот на студентската организација зад овие демонстрации.
BREAKING:
Greta Thunberg arrested at an anti-Israel protest in Copenhagen.
She & her friends were blocking entrance to a university to protest the Danish university not breaking ties with an Israeli university.
Ironically, part of the project is about developing new green tech pic.twitter.com/ESWXp78hwH
— Visegrád 24 (@visegrad24) September 4, 2024
Данската полиција за британската агенција изјавила дека шест лица се приведени на Универзитетот во Копенхаген откако 20 лица го блокирале влезот на зградата на универзитетот, а тројца влегле во неа.
Портпаролот на полицијата не сакал за Ројтерс да го потврди идентитетот на уапсените, но организацијата „Студенти против окупацијата“ за агенцијата изјавила дека меѓу приведените е и Тунберг.
Police arrested activist Greta Thunberg in Copenhagen, Denmark during a protest against Israel’s extermination war in Palestine. The 21-year-old Thunberg, along with a group of about 20 other activists, blocked entrances to buildings at Copenhagen University, leading to a series… pic.twitter.com/RWVE2U38b0
— red. (@redstreamnet) September 4, 2024
Весникот Ekstra bladet објави нејзина фотографија и тврди дека Тунберг е врзана со лисици.