Барселона го победи Реал Мадрид со 3-2 во финалето на Кралскиот Куп по продолжение.
Како што се приближуваше последниот свиреж на судијата, играчите на Реал почнаа да го губат трпението. На крајот, тројца од нив заработија директен црвен картон.
Немирите ги предводеше Антонио Рудигер, кој заработи директен црвен картон затоа што фрли шише кон судијата од клупата. Васкез и Белингам „поцрвенеа“ поради приговори, а денес протече видео од трибините на кое се гледа реакцијата на Белингам по натпреварот.
Џуд Белингам доби црвен картон поради агресивен напад врз судиите по натпреварот. „Соиграчите мораа да го задржат“, напиша судијата Бургос во својот извештај од натпреварот.
На видео објавено од „Ас“, може да се види како Белингам трча кон судијата. Неговите соиграчи се втурнаа и го одвлекоа од судијата пред Англичанецот конечно да се смири.