📽️Авион полетал од аеродромот во Рим, па се запалил

од Nikola Popovski
45 прегледи

Патнички авион „Боинг 787“ се запали при лет во неделата наутро, веднаш по полетувањето од аеродромот во Рим.

Се верува дека во летот на Хаинан ерлајнс имало 249 патници и 16 членови на екипажот кога избувнал пожарот, јавува „CBS News“.

Авионот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ требало да лета до градот Шенжен во југоисточна Кина, но поради инцидентот принудно слетал на аеродромот „Фјумичино“ во Рим.

„На 10 ноември 2024 година, летот HU438 на Хаинан Ерлајнс (Рим-Шенжен) претрпе удар од птица во десниот мотор за време на полетувањето. Во интерес на безбедноста, екипажот брзо реши да се врати на аеродромот, следејќи ги процедурите“, се вели во соопштението на компанијата на социјалната мрежа „X“.

Авионот безбедно слетал на аеродромот Фиумичино во Рим во 11:06 часот по локално време, а сите патници безбедно се симнале. Од „Хаинан ерлајнс“ велат дека им обезбедиле соодветна помош на патниците.

Слични содржини