📽️Познатиот пропагандист на Путин со нови радикални и навредливи изјави: „Европските свињи сакаат мир, а јас ја сакам нивната смрт“

од Nikola Popovski
384 прегледи

Рускиот пропагандист Владимир Соловјов во својата емисија на „Росија 1“ изјави дека „европските свињи“ и Холи (навредливо име за Украинците) сакаат примирје, додека тој посакува нивна смрт. Новинарот близок до московските власти додаде дека „тие се различни“ и дека заслужуваат само одмазда од Русија. Ваквиит навредлив настап на Соловјов беше регистриран од проектот „Russian Media Monitor“.

„Немам што да разговарам со тие европски свињи. Немам што да разговарам со Хохолите. Вие сакате примирје, јас сакам ваша смрт. Ние сме различни. Затоа вие, европски свињи, заслужувате само едно нешто од нас: одмазда“, рекол Соловјов во својата емисија, во која претходно ги споменал францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер.

Соловјов понатаму изјавил дека Европа не заслужува руска љубов, туку само презир и омраза. „Не ни треба вашата љубов, ни треба вашиот страв!“, продолжил пропагандистот.

„Треба да се будите ноќе облеани во ладна пот и да погледнете кон небото за да видите дали руските ракети летаат за да ги запалат Содома и Гомора еднаш засекогаш“, беснеел новинарот во емисијата.

Во својот навредлив монолог, Соловјов одговорил на повиците од европските и украинските лидери за примирје во војната на Русија против Украина. Во март, Киев се согласи на безусловно 30-дневно примирје, но Русите го отфрлија.

Соловјов често дава екстремни и радикални изјави во својата пропагандна емисија. Тој постојано повикува на напади врз градовите на НАТО, а според него, треба да се употреби и нуклеарно оружје.

Тој претходно изјави дека Русија моментално е во средината на трета светска војна против Западот. Во друга прилика, тој имаше кажано дека Русија треба да престане да се срами од својот империјализам.

Руските пропагандни програми на државните медиуми, вклучувајќи ја и емисијата на Соловјов, честопати промовираат екстремни ставови.

Слични содржини