📽 Германскиот претседател понижен на аеродромот во Катар

од Stefanija Kuzmanovska
373 прегледи

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер седел во авионот половина час чекајќи официјални лица да го пречекаат во Катар, пишува германски „Штерн“.

„Франк-Валтер Штајнмаер делуваше малку изгубено. Сите други патници веќе го напуштија авионот по слетувањето во Доха. Само претседателот беше принуден да ги чека на вратата на авионот службениците кои требаше да го пречекаат на излезот“, се наведува во текстот.

Во меѓувреме, според весникот „Тагешпигел“, Штајнмаер морал да чека бидејќи неговиот авион пристигнал порано од планираното.

Слични содржини