📽 Голем пожар на југот на грчкиот остров Евија

од desk2
30 прегледи

Голем пожар избувна синоќа на југот на големиот грчки остров Евија, по што ситуацијата се влоши во текот на ноќта, па властите почнаа итна евакуација на две села.

 

 

Повеќе од 160 пожарникари, 46 камиони и пет авиони се распоредени на југот на Евија, источно од Атина, за да го изгаснат пожарот, но нивните напори се попречувани од силните ветришта. Сепак, попладнево се постигнати успеси во обидот за локализација на пламената стихија.

Властите во раните утрински часови наредија евакуација на селото Цакехои и крајбрежното сезонско населено место Лимнионас.

Слични содржини