📽 Кејт Мос како Мерлин Монро: Манекенката рекреираше сцена од познат филм

од Stefanija Kuzmanovska
686 прегледи

Познатата манекенка Кејт Мос го рекреираше изгледот на Мерлин Монро за потребите на снимање реклама.

Имено, Кејт се појави во реклама за најновиот кармин на познат бренд, а во таа прилика изгледаше како Мерлин Монро од култниот филм „Мажите повеќе сакаат русокоси“.

Мос во рекламата можеме да ја видиме во розов фустан, со розови долги ракавици и дијаманти околу вратот, а многумина коментираа дека е одлична замена за легендарната Мерилин.

Покрај Мос, во видеото се појавуваат и актерката Михаела Џеј, како и моделите Џордан Дан, Меган Радерфорд и Бела Брокман-Тилбери.

Слични содржини