📽 Првпат по 100 години, парижани се капеа во Сена

Три места на брегот на Сена ќе може да примат до 1.000 пливачи дневно сѐ до 31 август

од desk2
23 прегледи

Значителен број парижани денеска побрзаа да се искапат во водите на Сена, откако градските власти дозволија капење во реката, по долгата операција на чистење, поттикнато од минатогодишното користење на реката како место на одржување на Олимписките игри.

Три места на брегот на Сена ќе може да примат до 1.000 пливачи дневно сѐ до 31 август, порачаа градските власти.

Инвестициите за чистење на речните води вклучуваа поврзување на десетици илјади домови на градската канализација, модернизација на постројките за пречистување на вода и изградба на големи резервоари за складирање на дождовниците, за да се спречи излевање на канализацијата при силни врнежи.

„Водата е чиста, топла е, бистра. Има малку алги, но тоа е нормално“, изјави за Ројтерс 51-годишната Карин, една од многуте што побрзаа да влезат во Сена за да се искапат.

Слични содржини