📽 Таткото на Анџелина Џоли жестоко го осуди нејзиниот став кон Израел: „Многу сум разочаран од мојата ќерка“

од Stefanija Kuzmanovska
432 прегледи

Таткото на актерката Анџелина Џоли, Џон Војт, остро ги осуди ставовите на неговата ќерка за војната меѓу Израел и Хамас и ја обвини дека шири лаги на социјалните мрежи.

Осумдесет и четиригодишниот Џон објави видео на мрежата X под името „Вистини и лаги“, во кое ја критикува својата ќерка и вели дека е разочаран од нејзините изјави.

Тој ја обвини за антиизраелските објави, за кои вели дека се лажни бидејќи верува дека „израелската армија мора да ја заштити својата почва“.

„Многу сум разочаран што мојата ќерка, како и многу други, не ја разбира Божјата чест, Божјата вистина. Станува збор за уништување на историјата на Божјата земја, Светата земја, еврејската земја. Ова е правда за Божјите деца на Светата земја. Израелската армија мора да ја заштити својата земја, својот народ. Ова е војна“, рече Џон, кој тврди дека е лага дека Израел убива невини луѓе.

„Израел е нападнат со нехуман терор врз невини бебиња, мајки, татковци, дедовци и баби. Вие будалите го нарекувате Израел проблемот. Треба да се погледнете во огледало и да се прашате: Кој сум јас? Што сум јас? Прашајте го Бога дали ја учите вистината или ве лажат и ги следите сите други? Затоа што, мои пријатели, оние што ја разбираат вистината ја гледаат лагата“, додаде тој.

Тој исто така изјави дека Палестинците добиле огромна финансиска помош која не ја споделуваат со сопствениот народ.

„Народот на Израел се грижи за луѓето, нешто што овие животни не го разбираат, а правдата ќе победи“, заклучува Џон.

Да потсетиме, Анџелина рече дека терористичкиот напад на Хамас врз Израел не може да биде оправдување за „невините животи изгубени во бомбардирањето на цивилното население во Газа“.

„Ова е намерно бомбардирање на заробено население кое нема каде да избега. Газа е затвор на отворено речиси две децении и брзо станува масовна гробница, а 40 отсто од убиените се невини деца. Цели семејства се убиени“, напиша актерката претходно на почетокот на својата објава на Инстаграм.

Слични содржини