📽 Во Порто погребан Диого Жота, на последното испраќање и соиграчите од „Ливерпул“

На церемонијата присуствуваа речиси сите фудбалери на Ливерпул, неколку репрезентативци на Португалија и некои поранешни играчи на Ливерпул.

од desk2
47 прегледи

Во португалскиот град Порто денеска беа погребани фудбалерите Диого Жота и Андре Силва, а ѕвездата на „Ливерпул“ и фубалерот на „Пенафиел“ до вечните почивалишта ги испратија роднините и соиграчите.

Браќата фудбалери се погребани во Гондомар, на околу 7 километри од центарот на Порто, а на церемонијата присуствуваа речиси сите фудбалери на Ливерпул, неколку репрезентативци на Португалија и некои поранешни играчи на Ливерпул.

Рубен Невеш, најдобриот пријател на Жота на погребот пристигна од САД, директно по мечот во четвртфиналето на Светкото клупско првенство меѓу неговиот „Ал Хилал“ и „Флуминесе“.

Жота и Силва трагично ги загубија животите во сообраќајна несреќа во четвртокот наутро на автопатот А-52 кај местото Сернадило во шпанската провинција Замора, кога Ламборгинито со кое патувале браќата изгубило контрола и излетало од патот, по што се запалило. Претпоставките се дека до несреќата дошло при пукање на задна гума при претекнување.

Жота (28) одигра повеќе од 120 меча за Ливерпул, откако дојде во овој клуб од „Вулверхемптон“. Три години помалиот Андре Силва играше во португалскиот второлигаш „Пенафиел“, а иако талент што минал низ младинската школа на „Порто“, не направи кариера макар и блиска до таа на брат му.

Слични содржини