📽10 години љубов во едно видео: Јелена и Новак Ѓоковиќ прославуваат годишнина

од Vladimir Zorba
54 прегледи

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ имаат посебна причина за славење денес, 10 јули. Тие се венчаа пред точно десет години, а во оваа прилика најдобриот тенисер на светот на емотивен начин ја откри големата вест и и ја честиташе оваа годишнина на својата поубава половина.

Јелена и Новак се венчаа на 10 јули 2014 година на Свети Стефан во Црна Гора, по долгогодишна врска. Во октомври тие го добија синот Стефан, а во 2017 година се роди нивната принцеза Тара.

Новак и Јелена се заедно уште од средношколските денови. Тие се запознале во 2005 година преку заеднички пријатели, додека Ноле се уште не бил глобално популарен, а тој во една прилика признал дека е вљубен во Јелена.

Тој ja претстави пред јавноста за прв пат на турнирот во Амерсфорт во јули 2006 година.

Слични содржини