Првиот човек на кошаркарскиот тим на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, полуде во видео објавено на Инстаграм во кое напаѓа бројни луѓе по поразот на неговиот тим од Анадолу Ефес.
Панатинаикос беше поразен од Ефес по драматичниот втор натпревар од четвртфиналната серија во Евролигата, а турскиот клуб направи „брејк“ израмнувајќи ја серијата на 1:1.
По натпреварот, Јанакопулос се налути како ретко кога, иако и претходно нè навикна на контроверзни потези. На Инстаграм, тој плукаше по луѓе од Евролигата, судиите, противниците…
„Навистина не разбирам. Клуб како Реал Мадрид, со толку многу историја, толку многу титули во Лигата на Европа, а вие прифаќате да бидете е*ани…“, почна Јанакопулос.
Нема да ги емитуваме сите пцовки од судиите и играчите во организацијата на Евролигата. Меѓу другото, првиот човек на Панатинаикос наброја кој не треба да биде казнет.
„Жал ми е за вашите казни. Можете да ме казните затоа што не можете да ме поднесете, но не можете да го казните Нан, не можете да го казните Слукас, не можете да го казните Атаман, не можете да го казните Грант, не можете да го казните Хуанчо. Ќе дојдат и ќе ве изедат сите заедно“, вели разочараниот грчки претприемач.
Конечно, тој објави дека излегува од Евролигата и најави влез во НБА лигата.
„Го сакате мојот потпис за следните 10 години во Евролигата? Играјте сами во Евролигата, па ќе одиме во НБА или ФИБА“, додаде тој.