Ѓоковиќ богато награди момчиња кои се фотографираа со него, откриена причината (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Црвена Звезда ја победи Валенсија со 92:73 во 31-то коло од Евролигата и на тој начин ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата.

Сепак, шоуто го украде тенисерот Новак Ѓоковиќ кој дојде да го бодри белградскиот тим, а на полувремето тројца млади момчиња од него побараа заедничка фотографија. Немаше да биде необично доколку Ѓоковиќ не извадеше 100 евра од џебот откако се сликаше и не ги дадеше на едно од момчињата.

Многумина се прашуваа што го натера Новак на таков потег, а мистеријата ја разреши еден од тројцата млади луѓе кои открија што точно се случило.

Имено, тројцата ја пронашле платежната картичка на Ѓоковиќ во шумата во близина на салата и решиле да му ја вратат.

Обезбедувањето им дозволило да стигнат до Новак, а тој ги наградил за потегот за пофалба.

Слични содржини