„Ја најдов како плаче на подот“: Хари откри детали од кавгата меѓу Меган и Кејт

од Stefanija Kuzmanovska

Деталите од кралското семејство не престануваат да ја интригираат јавноста. За односот помеѓу Кејт Мидлтон и Меган Маркл често се дебатираше и се шпекулираше, а потоа во 2018 година изби веста дека избила голема кавга меѓу нив две.

Кејт и Меган се воздржаа од коментари за кавгата, но Хари одлучи да излезе во јавност во својата автобиографска книга насловена „Резерва“.

Имено, како што наведува, двете се скарале за фустанот кој принцезата Шарлот требало да го носи на свадбата на Меган и Хари.

Хари вели дека ја нашол Меган како плаче на подот по кавгата и посочи како Кејт ѝ испратила на Меган порака во која пишувало:

– Фустанот на Шарлот е преголем, предолг, премногу широк. Плачеше кога го проба дома.

Меган одговорила на оваа порака:

– Дали си свесна што се случува во моментов? – алудирајќи на затегнатите односи со нејзиниот татко.

Кејт, тврди Хари, одговорила дека знае, но дека во моментот проблемот е фустанот.

– Свадбата е за само четири дена – напишала Кејт.

– Да, Кејт, знам – одговорила Меган.

Тој објаснува дека Кејт очигледно не сакала да се сретне со кројачот на Меган во палатата Кенсингтон и дека се расправале преку пораки само четири дена пред свадбата. На крајот, Кејт сама ја однела Шарлот кај кројачот, но оваа ситуација ја повредила идната невеста, која во тој момент веќе имала доволно проблеми со нејзиниот татко.

– Дојдов дома и ја најдов Мег на подот. Таа липаше. Се ужаснав кога ја видов толку вознемирена, но не мислев дека тоа е катастрофа. Емоциите природно беа зголемени по стресот од минатата недела, последниот месец, последниот ден. Беше неподносливо, но привремено. Кејт не мислела ништо лошо, ѝ реков на Меган. Следниот ден Кејт пристигна со букет цвеќе и ѝ се извини на Меган – тврди Хари.

Слични содржини