„Ја виде мојата жртва за Британија“: Меган Маркл повторно ја разбесни јавноста

од Stefanija Kuzmanovska

На Твитер почна да се шири видео во кое член на екипажот во авион ѝ се заблагодарува на војвотката од Сасекс, Меган Маркл (41) за нејзината служба по напуштањето на кралските должности.

„Ја симна капата, се поклони и рече: ‘Госпоѓо, ви благодарам за се што направивте за оваа земја’. Тоа беше прв пат да видам дека некој ја виде мојата жртва“, изјави Меган во документарецот на Нетфликс „Меган и Хари“.

„Дали оваа жена се шегува? Каква жртва направи?“, „Меган работеше за кралското семејство 72 дена, за каква жртва зборува“, „Позерка“ се дел од коментарите на социјалните мрежи каде корисниците воопшто не ја поштедија.

Јавното мислење, особено во Обединетото Кралство, не гледа поволно на целата приказна околу Хари и Меган, особено затоа што тие ги напуштија своите кралски должности.

Слични содржини