Јелен: САД подготвуваат економска помош од 10 милијарди долари за Украина

од Radmila Tasevska

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, изјави денес во Индија, пред состанокот на лидерите на Г-20, дека САД подготвуваат дополнителна економска помош од 10 милијарди долари за Украина во наредните недели.

Таа ги повтори повиците за зголемена финансиска поддршка за Украина за да и помогне за време на војната со Русија, која започна пред една година, пренесува Ројтерс.

Јелен изјави и дека е од клучно значење Меѓународниот монетарен фонд „брзо да се придвижи“ за целосно финансирање на програмата за заем за Украина.

Слични содржини