Јенс Столтенберг: Земјите членки на НАТО треба да трошат повеќе за одбрана

од Radmila Tasevska

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денес изјави дека сè уште не се донесени заклучоци за новиот договор за трошоците за одбрана, но додаде дека земјите-членки на Алијансата мора повеќе да инвестираат во таа област.

„Очигледно е дека треба да трошиме повеќе“, рече тој по состанокот со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека земјите-членки треба да се обврзат дека ќе потрошат најмалку два отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбраната и дека новите обврски на Алијансата кон Украина вклучуваат тешко оружје и воена обука.

Слични содржини