Јужна Кореја е главниот кандидат за нова фабрика Tesla

од Vladimir Zorba

Акциите на Tesla скокнаа за речиси 8% во средата, откако еден ден претходно го достигнаа најниското ниво во последните 52 недели.

Порастот следеше по позитивните препораки од аналитичарите на Citi и извршниот директор на Tesla, Eлон Маск, дека Јужна Кореја е главен кандидат за нова фабрика што компанијата планира да ја изгради во Азија.

Закрепнувањето е оддишка за инвеститорите на Tesla, кои забележаа пад на вредноста на нивните акции за околу половина оваа година во услови на општ пад на пазарот и оддалечување од ризичните средства.

„Веруваме дека повлекувањето од почетокот на годината до денес го избалансира краткорочниот ризик/награда“, напишаа аналитичарите на Citi, зголемувајќи го нивниот рејтинг на акциите на неутрален.

Во средата Маск разговараше со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол и изрази оптимизам дека новата фабрика на Tesla конечно ќе се отвори во оваа азиска земја.

Слични содржини