Јужна Кореја и САД одржаа воздушни вежби како одговор на Пјонгјанг

од Stefanija Kuzmanovska

Јужна Кореја и САД денеска одржаа заеднички воздушни вежби во кои учествуваа борбени авиони Ф-35А и Ф-16, како одговор на севернокорејскиот тест на интерконтинентална балистичка ракета, соопшти јужнокорејското министерство за одбрана.

Според соопштението, тие спровеле вежба на гаѓање кон цели кои симулирале мобилни ракетни фрлачи на Пјонгјанг, пренесува „Ројтерс“.

Северна Кореја денеска истрела нова ракета, а најверојатно станува збор за интерконтинентална балистичка ракета, објави Јужна Кореја, еден ден откако Пјонгјанг лансираше помала ракета.

Слични содржини