„Њујорк Тајмс“: Западната помош за Украина пристигнува предоцна

од Vladimir Zorba

Иако западните земји ја исполнија желбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да испрати тенкови и друга воена опрема во Украина, малку е веројатно дека неговите надежи да ги искористи против Русија наскоро ќе се остварат, пишува Лара Џејкс, колумнист за „Њујорк тајмс“.

„Има еден проблем: тие ќе се појават на бојното поле предоцна за да бидат искористени против широката руска офанзива што се чини дека започна во источна Украина“, се наведува во материјалот.

„Ова е случај со повеќето западни тенкови, борбени возила и противвоздушни ракети кои западните лидери ги ветија по неколку месеци убедување на украинскиот претседател Володимир Зеленски“, тврди Џејкс.

Слични содржини