Ќе стане најплатен спортист на планетата: Роналдо од први јануари во Ал Наср

од Stefanija Kuzmanovska

Ставен е крај на инсинуациите, Кристијано Роналдо од први јануари 2023 година и официјално ќе стане играч на Ал Наср од Саудиска Арабија, пренесува „Марка“.

Португалецот ќе потпише договор на две и пол години и ќе стане убедливо најплатен спортист на планетата со годишна плата од речиси 200 милиони евра!

Самиот договор за настап во клубот ќе му донесе околу 100 милиони евра, тврди добро упатената „Марка“, но маркетиншкиот дел ќе му донесе исто толку на Португалецот бидејќи е дел од промоцијата на фудбалот во оваа земја.

„КР7“ успеа да испише историја на Мундијалот во Катар, не само по петти пат на Мундијалот, туку и како единствен фудбалер во историјата кој постигнал гол во сите пет натпреварувања во кои настапувал.

Во Ал Наср ќе соработува со францускиот селектор Руди Гарсија, а ќе му се придружат и странците Алваро Гонзалес и колумбискиот голман Давид Оспина.

Слични содржини