Џејмс: Јас сум најдобриот играч на сите времиња, но дозволете другите да ја донесат конечната одлука

од Vladimir Zorba

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс денеска изјави дека мисли дека е најдобриот играч на сите времиња во НБА, но додаде дека ќе остави другите да ја донесат конечната одлука, пренесува BBC.

Џејмс стана најдобриот стрелец во историјата на НБА, откако утринава постигна 38 поени во поразот на Л.А. Лејкерс од Оклахома со 133:130.

Тој постигна вкупно 38.390 поени, а на листата на најдобри стрелци во НБА го престигна легендарниот Карим Абдул Џабар со 38.387 поени.

Слични содржини