Џенифер Анистон откри што е најзаслужно за нејзиниот младешки изглед

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата актерка Џенифер Анистон често е тема на порталите кога е грижата и младешкиот изглед во прашање. Анистон е една од холивудските диви која е многу посветена на здравиот начин на живот.

Десет години се бореше со несоница, што ѝ предизвика многу проблеми, а тогаш ја сфатила вредноста на квалитетниот сон и колку голема грешка правиме кога спиеме само неколку часа.

„Спиењето е извонредно, иако кога бев млада го земав здраво за готово. Тогаш живеете во верувањето дека можете да преживеете со три до пет часа сон и дека потоа можете да се чувствувате одлично, но одеднаш веќе не се чувствувате одлично и вашата изведба веќе не е на нивото на кое треба да биде“, изјави таа за странските медиуми.

Исто така, една од нејзините незаменливи рутини е и пиењето голема количина вода.

Слични содржини