Џенифер Лопез и Бен Афлек разменија нежности на црвениот тепих (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Лопез и Бен Афлек се појавија на премиерата на филмот „Air“. Популарниот пар блесна на црвениот тепих, а не се воздржаа да покажат колку уживаат во својата љубов.

Џенифер и Бен разменија нежности на церемонија во Лос Анџелес, ставајќи крај на бројните гласини за нивниот развод.

Имено, во јавноста веќе извесно време се шпекулира дека двајцата минуваат низ криза во бракот, па дури и планираат развод.

Сепак, тие сега покажаа дека нивната љубов цвета бидејќи изгледаа среќни и задоволни заедно.

Џеј Ло за овој настан избра елегантен фустан кој има бел горен дел и неонско зелен долен дел. Со оваа облека таа носеше сребрени чевли кои одговараа на деталите на нејзиниот фустан.

Бен Афлек блесна во темносино кадифено одело и сина кошула.

Афлек на овој филм соработуваше со Мет Дејмон, а двајцата се долгогодишни пријатели и колеги.

Слични содржини