Џони Деп одлучи во што ќе ги вложи парите од отштетата од спорот со Амбер Херд

од Stefanija Kuzmanovska

Во текот на оваа година вниманието на светската јавност го привлече судскиот спор меѓу Џони Деп и Амбер Херд, кој конечно го доби својот епилог.

Џони Деп и Амбер Херд успеале да се спогодат, па според нивниот договор актерката е должна да му плати на поранешниот сопруг еден милион долари.

Познатиот актер не ја крие радоста поради тоа што конечно заврши спорот со Амбер Херд.

Набргу откако Амбер Херд се огласи и ѝ го објасни на јавноста исходот од судскиот процес со нејзиниот поранешен сопруг, адвокатскиот тим на Џони Деп излезе со соопштение до јавноста.

Камил Васкез и Бенџамин Чу истакнаа дека нивниот клиент ќе го даде добиениот еден милион долари во добротворни цели.

Исто така, оваа сума пари нема да оди само на една врата, туку актерот ќе пружи многу различни видови помош.

Кога Амбер ќе му плати милион долари, тој ќе ги подели парите на неколку делови, а потоа ќе им ги даде на оние на кои им се најпотребни.

„Ова болно поглавје од животот на г-дин Деп заврши. Наш приоритет, исто како и неговиот, беше вистината и таа да се слушне. Добиените милион долари ќе одат во добротворни цели“, изјавиле правните застапници на актерот, пренесува People.

Слични содржини